Додека министрите од другите министерства работат и се залагаат за вработените за подобрување на условите за живо и зголемување на платите, нашиот министер Оливер Спасовски е најдобар во тоа што знае и умее да го прави (срам ни е веќе да пишуваме за тоа). Ајде неколку работи ра разјасниме и да ги запрашаме вработените дали имаме Ззадоволна полиција, велат од Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ.
Тие му се обратија на министерот Оливер Спасовски прашувавајќи го дали смета дека има задоволна полиција.
„Министре Спасовски, дозволете да Ве потсетиме дека веќе неколку години наназад ја “создадовте” и секојдневно ја промовирате паролата „Задоволна полиција безбедни граѓани“. Од тука ќе Ве запрашаме како прв човек во Министерство за внатрешни работи дали и сега откако ја заборавивте Полицијата сметате дека имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА. Создадовте само, состојба во министерството која што нема и тешко ќе се исправи наредните години. На вработените во здравствениот сектор ИМ ЧЕСТИТАМЕ за зголемувањето на платите, иако како Синдикат сметаме дека е премногу малку. Но, сепак е подобро од 0% колку што ќе добијат вработените во Полицијата, велат од Синдикатот.
Додека Министрите од другите Министерства работат и се залагаат за вработените за подобрување на условите за живо и…
Posted by Синдикат на Полиција во Македонија – СПМ on Tuesday, 9 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.