Синдикатот на Клинички центар го поддржа предупредувачкиот штрајк на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК.
Здрава и образована популација е основа за развој на едно демократско и високо развиено граѓанско општество. Суштински елемент за формирање на квалитетен кадар се стручни и посветени на својата работа просветни работници. Професионалноста е поврзана со добра организација на образовниот систем, а мотивираноста кон работата е директно зависна од чувството на правилно вреднување на трудот и знаењето на работникот. Само стручен и мотивиран просветен работник може да создаде правилно формирани професионалци во работата, стои во соопштението од Синдикатот на клиничкиот центар од каде додаваат:
Одговорна Влада која се стреми кон систем сличен на високоразвиените демократии, треба да го реализира своето ветување и програма, а не со непристојни предлози да ги вреднува оние кои се одговорни за создавање на здрава и образована нација, додаваат од Синдикатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.