Парична награда од по 10 илјади денари за март, април и мај годинава за придонесот и дополнителниот ангажман на вработените во Министерството за одбрана и на припадниците на Армијата за надминување на состојбата со Kовид 19, побара на денешната прес-конфренција Синдикатот на одбраната и безбедноста (СОБ).

Претседателот на Синдикатот Ристо Ајтов информира дека голем број армиски припадници се заболени од коронавирус, а поголем број се и во самоизолација. За ваквата сосотјба, подвлече, е се одговорни МО и Армијата, пренесува МИА.

Тој потсети дека припадниците на Армијата беа ангажирани при заштита на жариштата во општините низ државата, патролирање и одржување ред во населените места, обезбедување на претседателот, Владата и Собранието, контрола на почитување на заштитните мерки донесени од Владата, контрола и надзор на државната граница, заштита на хотелите во кои претстојуваат лицата во државен карантин…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.