Од Синдикатот на одбраната и безбедноста бараат парична награда за вработените во Министерството за одбранa и за војниците за нивниот придонес во надминувањето на состојбата со ковид-19 во земјата.

На денешната прес-конференција од Синдикатот побараа помош од 10 илјади денари за март, април и мај годинава за секој месец за придонесот и дополнителниот ангажман.

Претседателот на Синдикатот, Ристо Ајтов, информира дека голем број армиски припадници се заболени од коронавирусот, а поголем број се и во самоизолација. За ваквата состојба, вели тој, се одговорни Министерството и Армијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.