Од полицискиот синдикат на полицијата реагираат за нечовечките услови во кои се принудени да работат десетици полицајци од полициската станица задолжена за конрола на граничниот премин Стрезимир.

Во објектот со години нема струја, ниту греење, а во околината има натрупан снег и до 50 сантиметри, поради што полицајците се принудени самите да се пробиваат низ снегот за да стигнат до своите работни места.

Станува збор за објект за кој министерот Оливер Спасовски се фалеше дека бил целосно реновиран.

Ова е објектот на ПС за ГП и ГН Стрезимир.

 

Да, истиот објект кој Министерот Спасовски го посети и таму го отвори времениот граничен премин и каде тука пред шест месеци се „отепаа“ од сликање целото раководство на МВР.

 

Во овој објект работат десетици наши колеги.

 

Во овој објект…

➖Нема струја со месеци,
➖Нема дрва за огрев со години..

 

Полицајците се оставени на МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ😡

 

Но, затоа, пак, во овој објект наместиле ПАРНО А НАФТА НЕМА❗⚠️

 

Снег моментално околу 50см. Снегот сами го пробиваат колегите за да стасаат до своите работни места..

 

Па да те прашаме министре Оливр Спасовски, кој го предводиш Министерство за внатрешни…

 

Што ќе ни се фарбани фасади ако полицајците СМРЗНУВААТ И СЕ БОРАТ ЗА ЖИВОТ⁉️⚠️

 

Зар во XXI век треба да зборуваме дека полицајци- наши колеги немаат простојни услови за ЖИВОТ❗❓

 

Денес доставуваме докази за тоа како полицискиот службеник „преживува“ без огрев на температури до -10 С и како истиот се става во „служба“ на Македонија пат и храбро се пробива низ снегот борејќи се да стаса до своето работно место.

 

На самиот крај… има ли некој воопшто (раководител- началник) да праша како им е на овие наши колеги⁉️

 

Има ли….ЗАСРАМЕТЕ СЕ❗ – стои во реакцијата на синдикатот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.