Од Синдикатот на полицијата во Македонија имаат обраќање до јавноста во кое зборувааат за незаконските распоредувања во МВР.

Обраќањето го пренесуваме во целост.

„Денес сме овде со посебна причина и повод под прозорот од удобните канцеларии во кошто се сместени раководството на самопрогласените ЕДИНСТВЕНИ или КАРАВАНОТ така наречен пред извесно време од Претседателот на МПС.

Замислете имаме ЕДИНСТВЕН вработен во МВР – и Претседник на МПС кој е и бивши Доцент на приватен факултет каде БИЛ вработен А паралелно во исто време И во МВР и тоа АМИНУВАНО со екстра привилегии ОВОЗМОЖЕНИ од Министерот Спасовски !!!

Претседателе на МПС ако заврши за ова лето со Баловите и Луксузирањето со недели по Хотели и уживање на сметка на вработените во МВР кои ти уплатуваат чланарина за ЖИВОТ во гламур
Ставија маската која те прави КАМУФЛИРАН за да изгледаш СИНДИКАЛЕЦ а не ГАТАЛЕЦ кој ги нарекува и Споредува СВОИТЕ колеги со Кучиња кои ти лаеле додека си врвиш со твојот КАРАВАН на твојот трасиран прав пат по кој тераш во правецот за Личен БОЉИ ЛУКСУЗЕН ЖИВОТ !!!

Денес: ќе те прашам до кога мислиш да ГЛУМИШ заштитник на работните права и до кога мислиш да си тераш со Ароганцијата и ги навредуваш и омаловажуваш своите колеги во МВР и тоа само за лични интереси и задржување на љубовта со Партнерот.

Ќе те прашаме Како СТРУЧЕН ПОРАНЕШЕН ДОЦЕНТ или кажано ЕКС затоа што си бил фатен од просветниот инспекторат за незаконско ВРАБОТУВАЊЕ денес нема за тоа да ти ЛАЕМЕ или ДА ТИ БАЕМЕ како што милуваш да не нарекуваш во твој АКАДЕМСКИ стил туку ќе те прашаме Претседателе на МПС овластен заштитнику на работните права за следното:

Докторе, Доценте, професоре, претседателе на самонаречен ЕДИНСТВЕН синдикат Вие како СТРУЧНО лице кое се има стекнато со серија пемпелиња на ХАРТИЈА И највероватно овозможено право од ЦАРОТ да ни делите памет на нам вработените во МВР особено на сите останати синдикални претставници кои не се дел од Вашето ЕДИНСТВЕНО приватно здружение,
Да ни Одговорите на Следното:

ЗА НЕШТО многу ЗНАЧАЈНО Во врска со НЕЗАКОНСКИТЕ РАСПОРЕДУВАЊА ВО МВР

– Каде и на кои места (простории) се состанува КОМИСИЈАТА за распоредување и унапредување во МВР ???

– Дали Членот во КОМИСИЈА за Распоредување како претставник на МПС постапил СТРУЧНО и СОВЕСНО во работата и ја дали ЗАКОНИТО ја извршил должноста кога требало да ГЛАСА и ги ЗАСТАПУВА ИНТЕРЕСИТЕ и ПРАВАТА на Вработените во МВР а воедно дали истиот член на МПС има пријавено НЕПРАВИЛНОСТИ во донесување на одлуки за распоредување и унапредување во МВР ???

– Дали Ваши членови ПОТПИШУВАЛЕ ЗАПИСНИЦИ за одлуки со наведени образложенија,И ВИДЕЛЕ предлози за распоредувања и унапредувања во МВР додека е Министер Оливер Спасовски?

– можно ли е помошникот на министерот за правни работи да претерал и да ги принудувал застапниците од МВР во судски постапки да го ЛАЖАТ судот кога тврделе и се изјаснувале дека НЕМАЛО ЗАПИСНИЦИ сочиното од КОМИСИИТЕ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ??? .

-Дали Професоре треба да има ЗАПИСНИК за ОДРЖАНО СОСТАНУВАЊЕ од СОВЕТУВАЊЕ ГЛАСАЊЕ и донесување на ОДЛУКИ за распоредување Во МВР ???

– И дали треба ли да има Образложенија за каква потреба се распоредува да биде наведено во самите Решенија кој ги потпишувал Министерот Спасовски изминатите 5 години за какви извршени распоредувања се работи бидејќи така издадени НЕЗАКОНСКИ личат на ПАРТИСКИ ??

Докторе на науки Кој е сега во право судовите во РМ што имаат утврдено дека КОМИСИИ за распоредување во МВР си носеле одлуки без да сочинат ЗАПИСНИК а ЛАЖИРАЛЕ дека имало одржани состанувања за донесувања Наводни одлуки и дали има Министерот право да се стави НАД ЗАКОНИТЕ Да ги формира а да си тераат како ПАРТИСКИ КОМИСИИ кој можат со ПРСТ да си решаваат со ТИ ВАМУ ТИ ТАМУ да ги распоредуваат вработени во МВР , што значи истото ..претседниче … .Партизација на институцијата или пак извршени ЗЛОПУПОТРЕБИ за нечиј ЌЕЈФ ?

Вработените имаат право да знаат и правилно да бидат информирани и известени за што се работи и кој има ИЗВРШЕНО ЗЛОУПОТРЕБИ од страна на членовите на комисијата А дали делувале во ЗДРУЖЕНИЕ за спречување на ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО во МВР овие изминати 5 години ќе ги прашаме надлежните институции како Јавното Обвинителство ЗОШТО ако ги прашаме газдите би рекле во ДУЕТ преку гласноговорникот за во ФИЛМОТ све е Според законските прописи и подзаконски акти ???

Чекаме да ни одговорите почитуван колега Доценте ЕКСПЕРТЕ за заштита на работните права.
Претседателе на МПС пред да ни одговориш КОНСУЛТИРАЈ СЕ и прашај ги членовите што си ги поставил во комисиите за ВИСТИНАТА за да НЕ не ИЗЛАЖЕШ и да се обрукаш ЗОШТО ти си тој ЕДИНСТВЕН аминуван од ЦАРОТ кој имаш ексклузивно право да бидеш наш на СИЛА наметнат САМОСТОЕН АНГЕЛ ЧУВАР на работничките права па затоа треба ОСОБЕНО да ни ПОЈАСНИШ и ОДГОВОРИШ за да знаеме Каде се Состанувале комисите можно ли е да се собирале во ПОДРУМИ,КАФАНИ ,КАФИЧИ или пак по ШТАБОВИ што е најточно Докторе ???

Претседателе на МПС нигде те нема Зошто само се јавуваш во технички влади и само ако не е министер од владеачката партија им контраш на други ама САМО ТЕХНИЧКИ министри ИЗМИНАТИВЕ 5 ГОДИНИ колку сега од 1 до 10 си ЗАДОВОЛЕН од Министерот Спасовски ?

Дали си ГОРД на резултатите од НЕЗАКОНСКИТЕ РАСПОРЕДУВАЊА со кои ги пикнавте во ќош ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ да не им сметаат на ПОДОБНИТЕ кои добиваа РЕШЕНИЈА За командири, НАЧАЛНИЦИ, а кои станаа ПОПУЛАРНИ …..во јавноста и познати како Дилери на дроги со вршење на транспорт,Фалсификатори на пасоши за делење на АУСФАЈСИ за слободно шетање по светот на НАРКОБОСОВИ , за Командири Сексуално да вознемируваат вработени полициски службенички, и да ненабројувам од СКАНДАЛИТЕ иако ниеднаш не се изјасни дека се СРАМИШ А со кои секојднево се руши угледот на институцијат поради лични и Партиски интереси.

Претседателе на МПС за крај Ве поздравувам и потсетувам дека следните 24 часа ги очекуваме ОДОВОРИТЕ а за кои имаш обврска да ни ги дадеш па потоа ќе продолжиме да се прашуваме од пред вратите на повеќе институции во Р.Македонија све додека не расчистиме кој Врши Злоупотреби во Министерството све со цел да ставиме крај на овие понижувања и срамови кои ги трпиме од СТРУЧНО КРИМИНАЛНИТЕ партиско подобни Неспособни ликови“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.