Од Синдикатот на полицијата во Македонија реагираат на објавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасаовски, кој на социјалните мрежи повика на обединување.

Оливер‼️
Велиш, да се обединиме, а❓

 

Како да се обединиме сега, кога цела година за тебе НЕ ПОСТОИМЕ како Синдикат❓

 

Како да се обединиме кога ТИ ги ПОДЕЛИ НАШИТЕ КОЛЕГИ‼️ Ги подели на послушници и „неподобни“⁉️

 

Како да се обединиме кога единствен подобен за тебе е само ЕДЕН СИНДИКАТ❓

 

Како да се обединиме кога ГИ ОТЕПА со незакомски решенија професионалците и неистомислениците❓

 

Како да се обединиме кога СЕ ОТЕПА од штанцање писмени наредби подолго од 30 дена од кои некои траат со години❓

 

Како да се обединиме кога НА ВИСОКИ ПОЗИЦИИ постави партиски и послушен кадар кој ги малтретира вработените како никогаш до сега❓

 

Како да се обединиме кога ОТКАКО СИ ТИ немаме Директор на БЈБ односно имаме човек кој на секоја твоја пресконференција стои позади тебе како се уште да ти е обезбедување❓

 

Како да се обединиме кога ЗАРАДИ ТЕБЕ Полицијата не доби никакво покачување на платите❓

 

Како да се обединиме кога НЕ ПРЕСТАНА со малтретирање на синдикалните преставници❓

 

Како да се обединиме кога НЕМАМЕ ОСНОВНИ СРЕДСТВА ЗА РАБОТА❓

 

Како да се обединиме кога НЕМАШ НАБАВЕНО униформа за полицискиот службеник, а ЛАЖЕШ по медиумите дека си набавил❓

 

Како да се обединиме кога НАЈЛОШО менаџираш со МВР откако си дојден на позицијата Министер❓

 

Како да се обединиме кога ………❓

 

ЖАЛИМЕ…..АМА ПОСЛЕ ОВА РАЗЕДИНУВАЊЕ – НЕМА ОБЕДИНУВАЊЕ‼️

 

СО ТЕБЕ „наш“ Оливер НЕМА НАПРЕД‼️

 

Затоа уште денес на овој твој роден ден направи го тоа што сите го чекаат од тебе: Дај си ОСТАВКА…..Можеби после тоа ќе се обединиме….. можеби… почитуван‼️ – се вели во реакцијата на полицискиот синдикат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.