Синдикатот на полицијата на денешната прес конференција ја запозна македонската јавност за незаконското работење на Оливер Спасовски односно добиената позитивна пресуда за членарината на СПМ, онаа членарина која што беше укината токму од него, првиот ден откако седна на министерската фотеља.
Во Македонија, на прв поглед ништо. Како функционер и јавна личност, кога веќе стигнал до сомнение за кривична одговорност значи дека Министерот Оливер Спасовски прво ги заборавил неговите основни одговорности: Моралната и Етичката. Посебно кога и тој самиот најавуваше некакви измени во некаков закон со кој во иднина ќе се бара ИНТЕГРИТЕТ НА ЛИЧНОСТ!!!
Спасовски, се прашуваме дали вие воопшто и ги поседувате овие карактеристики на една личност која врши или вршеше јавна и крајно одговорна функција?!Бидејки еден Министер, посебно за Внатрешни работи, НЕ СМЕЕ да си дозволи такво Самоволие како што го покажуваше ти секојдневно.
НЕ СМЕЕ Министер за внатрешни работи да НЕ ПОЧИТУВА ЗАКОН!!!
НЕ СМЕЕ Министер за внатрешни работи да прави ТОА ШТО САКА!!!
И многу друго понатака НЕ СМЕЕ….А ти сега веќе поранешен Министре Спасовски си дозволи себеси ВЛАСТ, си даде самоволно ОВЛАСТУВАЊЕ, со лист потпишан лично од тебе, се обиде ДА СТОПИРАШ СО РАБОТА И ДА УКИНЕШ СИНДИКАТ!!!
Да, оти мислеше дека си над се.
Со гордост сега можеме да кажеме дека тоа НЕ ТИ ПОМИНА, поранешен МИНИСТРЕ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ!!!
Во Република Македонија сепак има правда!!!
Од тука можеме да кажеме дека ТВОЕТО САМОВОЛНО РЕШЕНИЕ ЗА УКИНУВАЊЕ НА СПМ Е ПОНИШТЕНО!!! ДА, поништено на суд.
А сега дали знаеш што значи тоа или ние пак треба да ти кажеме и тебе и на јавноста???
МОРАЛНА ОДГОВОРНОСТ!!!
ЕТИЧКА ОДГОВОРНОСТ!!!
ОСТАВКА!!!
А следствено на законските прописи,
КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ!!!
Затоа што нема да ги избегнеш овој пат. И не само ти. Одговорност ќе има и за твојата неспособна правничка и твојот слеп послушник помошник за финансии. Можеби правдата е спора, но го стигнува секого. Порано или подоцна!!! Почитуван…Но сепак Вие сте заслужни за нашето растење и мора да Ви се оддолжиме . Мораме .
Ти “не казни за наше добро”, ни ја сопре членарината повеќе од година дена , од бедната полициска плата која пет години абер немаше да ја покачиш.
Тоа “за памет” ни беше… дури и малку ни беше….Па затоа дополнително заради твојата злоба сите синдикални преставници на СПМ ги размести по други градови, по твој налог им даде на секој по две, три измислени дисциплински и скрати од плата, гмечеше, притискаше, да осетиме како е без пари, без две кифли за доручек, без поддршка ,а за друго и да не зборуваме….Но, благодарни сме !
Можеби МПС го сметавте за ваше сакано дете, а СПМ го сметавте за незнаеме што, па за споредба еве што постигнавте со експериментот на вашето родителство:
MПС “Првенчето Ваше” го разгаливте, опсипувавте со љубов, го величавте, го шетавте и поевте, најскапи алишта и чевли му купувавте, бесни коли му дадовте, месечен џепарлак , како наша годишна чланарина му бутавте по џебовите. Спонзорства најдовте да го рекламирате, да го прикажете како најдобар, еден и единствен син, Ваш наследник, послушник со исти гени како Вас…
Но, тој Ве изневери, Ве разочара, Ве соголи, Ве посрамоти, Ве направи најнеспособен.
СПМ, сиракот без родители.Оној, што му ја укинавте чланарината, колку за двете кифли.Е тој истиот, што мислевте го шамарате, бос сред зима што го пуштивте пешадија до работното место, оти за карта не му дадовте. Дожд што го переше, а мразот ушите што му ги мрзнеше… Е тој истиот СПМ само го ојачавте!
Цврст како камен, го сторивте! Молња што Ве тресна за да Ве освести го претворивте! И тој Ве разголе во целост и пред целата Македонска јавност те убедивме дека си најнеспособниот министер кој некогаш постоел во МВР. И да, одговорни сме за твојот рејтинг и пад. И никогаш да не се повториш.
Се надеваме дека еден ден за брзо ќе одговараш за сите злодела што им ги направи на вработените во МВР. А сега пред да ти кажеме Збогум Оливер да се извиниш на сите на кои им направи неправди…наш единствен и никогаш да не се повториш министре, наш фарбач на фасади наш министер за реклами…. Збогум… Ви благодарам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.