Синдикатот на полицијата на Македонија и оваа година, како лани, му испрати синдикална новогодишна честитка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Ланската година ова време испративме честитка до Министерството за внатрешни работи и Министерот Спасовски. Посакавме во самото министерство да се стави крај на сите неправди, крај на незаконските распоредувања, крај за поставување на незаконски раководители, на мобингот, посакавме и подобар колективен договор, зголемени плати барем 10 %, ветениот додаток за коронавирусот, посакавме конечно да се набават сите видови на униформа, искрено посакавме да се престане со справуваење со синдикалните преставници и конечно да исполни нешто за што претходно ветуваше – индивидуална одговорност.
Од тогаш поминаа 365 дена па еве бидејќи знаеме сите што направивте во годинава што изминува и што исполнивте повторно по втор пат да посакаме во новата година нови а можеби и старите неисполнети работи.
🎯 Најпрвен Министре наш Спасовски ти посакуваме да смениш најголем дел од твојот кабинет бидејќи очигледно е дека тој твој тим не дава никакви резултати. Колку побрзо го сториш тоа толку се реални шансите да се вратиш во реалноста и почнеш да ги
решаваш проблемите.
🎯 Само што малку подзастана со незаконските решенија за 2021 година ХИТ ти се писмените наредби и тоа си даваш и даваш упорно со месеци и години на работници иако знаеш дека е спротивно на Законот за внатрешни работи. Колку пати државниот инспекторат те предупреди дека го кршиш законот? Можеби денес си семоќен (мисли си) но денот на барање на одговорност за тоа е блиску.
🎯 Посакуваме веднаш дел од твоите раководители да престанат да лечат лични фрустрации и да престанат со вознемирување на своите вработени.
🎯 Лани посакавме да набавиш комплет униформа, ти не послуша и во средината на месец Ноември оваа година им подели летни кошули и блузи со кратки ракави на полицајците. И оваа зима поради неспособност на службите илјадници млади колеги на минусните температури ќе мрзнат со летни јакни.
🎯 Баравме и нов колективен, Вие со вашиот партнер за век и веков го потпишавте најлошиот и најштетниот колективен договор за вработените. Дури и за Вашиот другар Кицев не преземавте ништо за неговото незаконско вработување како доцент, звање кое му е веќе одземено и доставивте одговор дека не сте коментирале инспекција на некој си државен просветен инспекторат. Колку брутално од Ваша страна.
🎯 Посакавме и зголемување на платите, затоа вие пред неколку дена срамежливо се пофаливте дека „ќе се покачеле платите “ за едвај 5% а притоа не кажавте кога и кој месец и дали тоа е само корекција на бодот заради зголемените трошоци за живот.
🎯 Побаравме додаток за борба против корона вирусот но вие очигледно бевте зафатен со градење, О ГРАДИТЕЛУ наш најдобар, па заради фарбањето со поликолор на објектите го заборавивте и ова ветување.
🎯 Побаравме и да престанете со пресметка со синдикалните преставници. Освен што не престанавте туку по ваша желба наши преставници беа повикувани од вашите најблиските советници и приморувани со закани да потпишуваат за други работни места. Нека ви служи за чест.
🎯 Побаравме одговорност од Вашите вечни две правнички, со прст не мрднавте зошто не сте ни за П за правда, па моравме да ја преземеме одговорноста да им поднесеме кривична пријава за злоупотреба поголема од 4 милиони евра.
☆☆☆☆☆☆☆☆☆☆☆☆☆☆☆☆☆☆☆☆
За новата 2022 година во мое име како Претседател на СПМ, нашите преставници и нашите членови посакуваме:
✔ Да престанеш да бидеш министер за реклами и ПР и да почнеш да работиш,
✔ Да почнеш конечно да ги почитуваш професионалците и неистомислениците онака како што велеше кога не беше тоа што сега си.
✔Доколку реновираш, реконструираш или не е битно како тоа го нарекуваш најпрво да почнеш со просториите каде работат вработените, нивните столови, маси, компјутери, нивните средства за работа, хартија, обрасци, возила. Тоа треба. Да им набавиш стоп палки, свирчиња, панцири, шлемови, плочи, гас маски а не да ги пролонгираш одредбите од заштита и здравје при работа после 2025 година.
✔Да престанеш со фаворизирање на еден синдикат кој само себеси се нарекува единствен репрезентативен а досега нема доставено писмен документ каде не знаеме ни што се ни кој се.
✔Да престанеш со незаконските решенија и веднаш со писмените наредби за да не те боли за тоа глава еден ден.
✔Па набави ги конечно сите делови на униформа и демантирај не во се што те критикуваме до сега.
✔Покачи ги платите во Полицијата,
✔ Доста со злоупотреби со прекувремените часови во секоја организациска единица.
🎯✔Да точно е два пати оваа година побаравме оставка од тебе како министер. Поради разултатите кои ги покажуваш, ОСТАВКА ќе бараме и во наредната 2022 година се додека не ја дадеш и на твое место дојде министер кој ќе престане да го прави погоренаведеното. Или смени го однесувањето и остани , тоа нас не ни е проблем.
На самиот крај посакуваме здравје и мир на сите колеги и господ да ве чува на терен и чувајте се самите бидејќи очигледно Министерот и самото Министерство не се способни да се грижат за вас. Од полициското постапување секој ден гледаме се поголемо и поголемо понижување и незаштита на вработените.
Од респектабилна служба, Министре направивте секој било кој да напаѓа, тепа, гази, плука полицаец и за тоа одговорност да има со години по судовите а може и да нема одговорност.
Нека ни е среќна и бериќетна новата 2022 година . Да бидеме сите живи и здрави.🥳🥳🥳💖🍺🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Видео од обраќањето на претседателот на СПМ Орце Коцевски:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.