Кандидатот за градоначаник од Алијанса за Албанците Наим Синани вечерва на митингот во Арачиново нареди куп проекти кои им биле ветени на граѓаните, ама не биле реализирани.

– Овде каде што го одржуваме собирот денес, на неколку метри е каналот што мириса и не дозволува да седнеме на нашите дворови. Затоа, ова прашање бара итно решение што го ветија пред четири години, но остана во фиоките, или можеби дури и не е означено на хартија. Тие дојдоа пред вас само за да ги добијат вашите гласови, како што тие секогаш знаат да направат и мислат само на удобноста на фотелјата. Сега тие доаѓаат овде само со бекатонка за да се фотографираат со вас, но Арачиновци не подлегнуваат. Дозволете им да го асфалтират патот, бидејќи тоа е нивна должност. Вие не сте должни на никого, додека тој ја извршува својата задача за што е должен – рече Синани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.