Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, во понеделникот физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, јави Дојче веле.
Откако неколку пати го удрил и го влечел Бислимоски, три лица од придружбата на Џафери успеале да го отргнат и сите заедно избегале во непознат правец. Очевидец на настанот снимил и видео на кое можат да се видат моменти од инцидентот кога Џафери го влече Бислимоски, а потоа бега од местото на настанот.
Претседателот на регулаторна Марко Бислимовски вечерва го јадел ќотекот во кафеана во Дебар Мало. Изгледа на некој му дошла висока сметка за струја. Инаку на лице место е забележан и синот на Муса Џафери. pic.twitter.com/d8TbEb47nc
— Charles Boycott (@JohnnyParka) October 5, 2021
На 23 септември Регулаторната комисија за енергетика почна постапка за одземање на лиценцата за снабдување со електрична енергија на фирмата на синот на Муса Џафери. Постапката е почната по пријавата од МЕПСО дека фирмата „У Пауер“ ја нарушува стабилноста на системот за електрична енергија и неоправдано троши резерви на струја за сопствен профит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.