Перформансот со 16 секунди молк за 16-те години потрошени како земја кандидат за членство во ЕУ, со кој заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров го почна својот говор пред Парламентарното собрание на Советот на Европа за поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски е симптом на закаснет пубертет на предавник без идентитет.

Димитров се обрати за време на специјалното обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, одржано пред дискусијата за демократските предизвици и европските аспирации за Западниот Балкан и улогата на Советот на Европа, каде што учествуваше како специјален гостин на есенската сесија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.