Системот за попишување е максимално заштитен и не може никој да упадне со лажни податоци, а кривична постапка ќе биде покрената за секој оној што се обидува да го изманипулира системот, односно да се регистрира како дијаспора од својот компјутер во Македонија. Ова за „Плусинфо“ го вели директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, откако утрово неколку програмери укажаа на грешки и слабости во системот, односно предупредија дека со бесплатно инсталирање „VPN“ може секој наш сограѓанин да се попише како да живее во странство.
Кривична постапка ќе биде покрената за сите што се обидуваат да приложат лажни податоци во системот. Според член 9 во Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години. Ги прочитав предупредувањата од програмерите, но можам само да кажам дека лажни податоци во системот не можат да бидат внесени. Некој може да се регистрира и да мисли дека внесол лажни податоци, но всушност самиот систем ќе покаже дека податоците не се веродостојни. Таквите случаи ќе ги регистрираме, бидејќи станува збор за намерен упад во апликацијата, вели Симовски.
Програмерка од Македонија прва укажа дека системот за попишување има големи слабости и дека секој кој ќе инсталира „VPN“, а како што таа објасни на Фејсбук во групата на Сојузен комитет на програмери на Македонија, тоа се прави бесплатно, тогаш, може секој граѓанин да се попише како да е во друга држава, односно во странство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.