Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, вели дека повторно е активната кампањата за бојкот на пшописот, не предупредува дека ќе има последици за лицата кои ќе одбијат да се попишат.

Мораме сите да сфатиме дека ова е задолжителна активност. Ова е законска обврска, ова не е право, ова е обврска и мораме да бидеме дел од овој процес. И тоа е секаде во светот, не сме ние исклучок.

Секој оној што ќе се обиде, било од која причина, под услов ние да ги запазиме сите пропишани протоколи коишто ги имаме за начинот на попишувањето, ако некој одбие да биде попишан, а сите протоколи се испочитувани, тогаш ќе сноси последици. Законот предвидува прекршочна одговорност и тука нела дилеми ниту пардон за никого“, рече тој во гостување на Канал 5.

Симовски уверуваше дека сите попишувачи ќе носат заштитна маска, повеќето ќе бидат вакцинирани, а ќе може да се попишува и надвор од домовите, односно пред зграда или во двор.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.