Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, за Дојче веле уверува дека нема пак да се одложи пописот кој претходно беше закажан за април, па поради коронавирусот беше поместен за септември.
Ќе ги обезбедиме сите услови за негово непречено одвивање. Ќе направиме напори сите подготовки да се завршат навреме, да се обезбедат доволно попишувачи и да се преземат сите здравствени мерки за одржување на безбеден попис, вели Симоски откако на два пати се пролонгира конкурсот за попишувачи.
Опција за повторно одложување на пописот,според Симовски, засега не постои.
Државниот завод ги привршува подготовките и не размислува за одложување на статистиката операција. Доколку и се донесе одлука, повторно да се помести датумот за спроведување на пописот, таа ќе биде политичка, вели директорот на Државниот завод за статистика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.