Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за „Локално“ вели дека нема ништо против дополнитени два – три дена, плус за попишување, доколку тие донесат нова бројка на попишани граѓани.
Тој вели дека како институција сè уште немаат донесено одлука дали ќе побараат пописот на населението, домаќинствата и становите да биде продолжен, но дека се свесни дека доколку одлучат тоа треба да се направи најдоцна до утре.
На сигналите од собранискиот спикер Талат Џафери дека може да биде свикана пленарна седница, доколку има барање од најмалку 20 пратеници за итно заседание, за да се промени датумот во Законот за Попис, Симовски гледа како на можносот за успешно комплетирање на списокот на попишани граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.