Со изјавата дека при пописот на дијаспората од страна на членовите од нивните семејства, нема да може да се пополнат податоците за етничката припадност, религијата и за мајчиниот јазик, директорот на ДЗС Апостол Симовски, во изјава за Канал 5 денеска вели дека имал за цел да ги поттикне нашинците во странство сами да ја искористат можноста за електронско попишување.

Не ограничува во однос на тоа кои податоци. Инаку фамата се преврте темата, нашата намера беше што повеќе да се самопопишат тие што се надвор, бидејќи кога се даваат лично податоците се поквалитетни, рече Апостол Симовски, директор на ДЗС

Претходното тврдење на Симовски предизвика револт кај албанската опозиција во земјава, а реагираа и од ДУИ нарекувајќи го апсурдно. Денеска Вицепремиерот Артан Груби кажа дека недоразбирањата се надминати и дека во законот нема простор за различни интерпретации.

Закон и методологија се јасни и немаат можност за различна интепретација. Институциите треба да спроведуваат и да не дозволат различни интерпретации. Надминати се недозбирањата и помеѓу двајцата и сите партии се согласни дека ќе го почитуваме и ќе го спроведеме пописот, изјави Груби.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.