Пописот е важен во секое општество и е алатка, инструмент за да обезбеди огромен сет на податоци кои се потребни за креирање на развојни политики од централно, локално ниво, исто и за бизнис секторот. Податоците се потребни за сите сектори кои мора да ги имат овие податоци. Кај нас перцепцијата почнува дека попистот треба да обезбеди информација колку сме и какви сме по етничка структура, но пописот обезбедува многу други податоци, рече Ангел Симовски, директор на Заводот за статистика на гостувањето во емисјата „Запсиј ако можеш“ на телевизија „Алфа“.

Ги правиме сите напори политиката да не биде во оваа операција бидејќи е статистичка операција. Околу носењето на законот, тој треба да обезбеди правна рамка за истражувањето или пописот. Податоци имаат многу институции и се дел од статистичкиот систем, а законот покажува дека треба да го спроведе само овластена институција. И тука се пробелмите осебно 2011 кога пописот го спроведуваше пописна комисија или политичко тело, рече Симевски.

Според него закнот треба да ги каже термините кога се спроведува, кој го спроведува значи освен статистика и Министерството за одбрана, МВР, Министерство за труд и социјала и Министерство за правда. Симовски укажа дека начинот на спроведување е техника и тоа не се дефинира во законот.

Цела методологија не може во законот. Методологијата е стручна работа, а ние имаме лошо искуство кога дел од методологијата беше во закон во 2002 и на сред седница со амнадман и се даде право пописот да го спроведува Државна пописна комисија, не Завод за статистика, тоа е преседан, прекршивме закони затоа не се даваат методолошките детал, вели Симовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.