Доаѓа време на промени во Општина Дебарца кои ќе се случат на 17 октомври, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Саше Силјановски кој на денешниот митинг ги потенцираше приоритетите кои ќе ги реализира во својот мандат за Дебарца да стане пристојно место за живот и општина со перспектива.
Главен предизвик во мојата работа ќе биде носење на инвеститори за отворање на работни места, инвеститори за фабрика за преработка на компир. Максимално искористување на земјоделските потенцијали и отворање на пунктови и за продажба на земјоделски производи, како и директно субвенционирање на земјоделците од општината, но и хуманитарен фонд за социјално загрозени и лица со посебни потреби, рече Силјановски.
Тој додаде дека во неговиот мандат ќе реализира бројни инфраструктурни проекти, но и мини пазар на магистралниот пат Охрид – Скопје, како фудбалски клуб и враќање на манифестацијата „Црешобер“.
Чиста општина, и еко производи ќе бидат приоритет, како и вложување во енергетика. Канализациони мрежи за селата Велмеј и Требеништа, во функција на браната во село Слатино, асфалтирање на патот од Ботун со манастирот Света Богородица, ова се дел од проектите позади кои стојам и ќе ги реализирам, изјави Силјановски.
Тој нагласи дека СДСМ пред 4 години ветуваа живот, но општина Дебарца стана место каде младите не ја гледаат својата иднина, земјоделците не ја гледаат својата егзинстенција, а Дебарца е место кое нема перспектива.
Наместо развој, Дебарца стана место на поединци кои си ги остваруваат своите лични интереси. Доаѓа време на промени кои ќе се случат на 17 октомври, промени кои носат иднина, економија и подобар живот за граѓаните. Општина Дебарца ќе биде општина на сите граѓани. Ќе подадеме рака на секој граѓанин, за Дебарца да биде пристојно место за сите генерации. Ова е битка во која општината ќе ја вратиме на вистинскиот пат, пат кон успехот, потенцираше Силјановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.