Универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова  размислува дали да се кандидира на претстојните претседателски избори откако триесетина професори, академици и интелектуалци упатија повик пошироката јавност да ја поддржи нејзината кандидатура. Во изјава за Пресинг ТВ Силјановска вели дека силно ја допрел повикот, но мора да размисли за тоа дали ќе се вклучи во претседателската трка иако до сега не се гледала себеси на оваа позиција.

Зад иницијативата стојат еминентни личности со голем интегритет. Некои од нив се можеби и посоодветни од мене. Допрена сум, иако морам да размислам. Можеби ако размислувам рационално и ако се навратам на моите изјави од 1994 дека нема веќе да се занимавам со политика, одговорот би бил негативен. Но имајќи го предвид емотивниот момент и специфичноста на ситуацијата во која се наоѓа Македонија 75 години по АСНОМ и она што поранешниот претседател Киро Глигоров своевремено го изјави, а тоа е дека „Македонија е се што имаме”, ме тера да размислам. Ова се  најтешките моменти за мене како професор и како човек, вели Силјановска за Пресинг ТВ.

Целиот разговор со професорката Силјановска прочитајте го ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.