Заевистичката плутократска, макијавелистичка доктрина, е далеку од социјалдемократска идеологија, реагира професорката на Правниот факултет Гордана Силјановска Давкова на одлуката на Регулаторната комисија да ја зголеми цената на струјата за домаќинствата.

Честит Илинден!
Борбата продолжува!
„Социјалдемократската“ олигархиска, клептокартска власт, среде ковид- 19 катастрофата, кога сите влади ширум светот, без оглед на идеолошкиот предзнак, НУЖНО посегаат по олеснителни социјални мерки за осиромашеното население, со благослов на КРОНИСТИЧКАТА Регулаторна комисија, која, наместо граѓанските /народните интереси, ги штити профитните, реши да не спржи со струен шок од 7.4 % повисока цена на струјата. А, солидарноста и хуманизмот, а социјалната држава, како темелни социјалдемократски идеолошки детерминанти ? Заминаа со најнеругуларните избори во поновата македонска историја, во кои НАРОДНИТЕ пари ги истурија на ПОТКУП а буџетот го инструментализираа наменски за СВОИТЕ подржувачи.
Заевистичката плутократска, макијавелистичка доктрина, е далеку од социјалдемократска идеологија! Помните ли дека СДС се откажа од прогресивниот данок, односно од Робинхудската логика да земе повеќе од богатите за да им даде на сиромашните, среде мандат, со ветување дека подоцна ќе му се врати? Ама, во новата програма, си зацрта рамен данок од 10 % и остана „социјалдемократски“ на балканскиот „ прав пат“?!
Навредливо за здравиот разум е да не „тешат“ со тезата дека сме имале „најниска“ цена на струја во регионот и во Европа, премолчувајќи дека имаме НАЈНИСКИ ПЛАТИ, најниски пензии, најниска социјална помош…. во Европа.
Трагикомичен е партитократскиот манир, на секоја критика на ВМРО- ДПМНЕ, со соопштение да реагира СДС како партија, заборавајќи дека е НА ВЛАСТ, потсетувајќи на времето пред 2016. Аман со недоветниот политички ВРЕМЕПЛОВ, 2020 година сме! Ве молам да свртете по странските телевизиските канали за да проверите дали некаде, партијата која е на власт и ги управува институциите, реагира со партиски телевизиски дописи? Би сакала да ми посочите пример на зголемување на давачките на граѓаните од ВЛАДА ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ, згора и ПРЕОДНА, два – три дена пред конституирање на СОБРАНИЕТО, што ќе рече БЕЗ СОБРАНИСКА КОНТРОЛА, по која ТОЛКУ ЛИПАА политичките, експертските и (не)владините ХОРИСТИ, а сега „ ЗАНЕМЕА“ !
Владата ДЕЛУВА, не коментира по телевизии во демократски политички систем. Партијата на власт зборува наместо ВЛАДАТА само во ПАРТИСКА ДРЖАВА во авторитарен партитократски систем!
До кога ќе рецитирате НОВОКОМПОНИРАНА политичка ЕВРО- ПОЕЗИЈА во „СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА“ ПОЛИТИЧКА КРЧМА?, пишува на Фејсбук професорката Силјановска.

Честит Илинден!
Борбата продолжува!

„Социјалдемократската“ олигархиска, клептокартска власт, среде ковид- 19…

Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Sunday, 2 August 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.