Професорката и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Р. Македонија  Гордана Силјановска Давкова во првото интревју по изборите на ТВ Алфа одговори каков бил ставот на нејзините студенти пред изборите, а каков е сега.

Пред оваа трка студентите ми велеа дека вреди да се проба, вреди да се разбурка македонската политичка бара, дека јас тоа  што го правам на часовите сама се обидувам да креирам дарама, можам да го направам, да се обидам и во општеството, мислам дека успеав во тоа. Со говорот, со политичкото поведение со идеите. Мислам дека беа свежи, поинакви. Овие избори меѓу останатите ќе бидат запаметени по една поинаква кампања. Исто ми велат и сега, дека вредело, дека убаво е да чуете дека сте претседателка на нивните срца и ум. Јас сум горда со нив, а мислам и дека и тие со мене, истакна Силјановска Давкова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.