На третиот ден од кампањата ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За заедничка Македонија денеска ќе ја претстават својата кандидатка за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова пред граѓаните на Неготино и Кавадарци.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, пак, ќе одржи конвенција во Скопје, во СРЦ „Борис Трајковски“.

Претседателскиот кандидат на Алијанса за Албанците и Беса, Блерим Река засега нема закажано активности.

Кампањата официјално трае од 1 до 19 април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.