На својата фејсбус страница, носителот на листа во изборната единца 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, напиша дека е срамно, несовесно и без грам одговорност тоа што Зоран Заев имајќи ги предвид неговите дневни активности во изминативе две недели кои вклучуваат средби и посети со минимум стотина луѓе на дневна основа, во вакви околности се слика со пациент на кој што неодамна му беше трансплатирано срце.
До кое дно стигнавте! Ама верувам #можете и повеќе.
Прашувам, во кое својство претседател на политичка партија, Зоран Заев, во ек на предизборна кампања се слика со пациент на кого му беше трансплантирано срце? Притоа имајќи ги предвид неговите дневни активности во изминативе две недели кои вклучуваат средби и посети со минимум стотина луѓе на дневна основа.
Срамно, несовесно и без грам одговорност!
А на Иван, од срце му посакувам брзо закрепнување и долг живот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.