Професрката Гордана Силјановска Давкова на денешната прес-конференција ја обвини нервозната власт за личниот атак врз неа, мислејќи на прозивката на премиерот Зоран Заев каде била во времето на транзицијата.
Почна вториот дел од кампањата, пред клучниот дел 5 мај она што го забележувам е очекувана, логична и силна нервоза кај власта. По малку делува трагикомично мене да ме обвините за некој кој има врска за транзицијата, зошто транзицијата е сѐ уште за жал недовршен процес во Македонија. А, јас сум била министерка од 1992 до 1994 година. Само што почнувала тогаш транзицијата. А, особено е трагикомично кога обвиненијата доаѓаат од транзициски икони кои сета младост и живот го поминале во рамките на транзицијата. Но, за жал сѐ што било умно и вредно во Социјалдемократскиот сојуз го анулирале, рече Давкова.
Таа повтори дека е невообичаено е да видите министерка за одбрана на спот како што е невообичаено е да видите премиер и министер за внатрешни работи во кампања.
Јас веќе тоа го напоменав и уште еднаш го споменувам и уште поневообичаено е да гледате драми со метли особено што за метлите слушавме многу порано, но никој не смете ништо. Ги слушавте дека има високи функционери во владата уште пред изборите што заслужуваат да си заминат. Мислам дека и тоа е трагикомично. Се разбира јас ја продолжувам трката во потрага по гласовите на неопределените, на оние од бојкотирам, на оние кои можеби со право се оддалечиле од ВМРО-ДПМНЕ во претходниот период, но сега гледам дека се враќаат. Зошто се враќаат? Сигурно не заради можните привилегии туку за да помогнат во реформскиот процес.
Јас цврсто верувам дека партиите не се реформираат на телевизија, внатре се реформираат околу нов статут, нова програма, малку од научени лекции и околу реформи. Самата го видов во Брисел признанието на Европската народна партија на реформските процеси и верувале или не, тие и во моето кандидирање гледаат почеток на реформи. Јас ќе се држам до својата програма без оглед на тоа кој ќе застане зад мене, а мојата програма почнува и завршува со правна држава, со владеење на правото, додаде таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.