Универзитетската професорка по уставно право Гордана Силјановска Давкова во изјава за ТВ Сител, потенцира дека Уставот не дозволува воено лице на чело на МВР, но имало преседани.
Нашиот Устав е напишан во духот на т.н. цивилна контрола на безбедносните служби и според него со органот за вантрешни работи, односно со Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана може да раководи само цивилно лице, а доколку се работи за субјект кој претходно имал функција во полицијата или во одбраната, потребно е да поминат најмалку три години за да може тој да биде министер за внатрешни работи или министер за народна одбрана. Значи така вели членот 97.
Има држави како Турција или Руската Федерација, Азербејџан…, каде што и воени лица можат да бидат на чело на министерството за одбрана.
Но, она што јас сакам да го потенцирам е дека ова не е преседан, туку е еден во серијата преседани. Помнам дека некогаш беше министер за вантрешни работи Силјан Аврамовски, на кого не се примени членот 97. Истото важи и за министерот Митко Чавков, а во моментов истото важи и за заменик-министерот за одбрана Беким Максути.
Во 2017 година можеа познавачите на уставното право ревносно да реагираат укажувајќи дека треба да се почитува членот 97, изјави Слијановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.