Кандидатката за Претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Проф – Др. Гордана Силјаноска Давкова, денеска разговараше со ИК на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а се сретна и со Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска.

Силјаноска Давкова во своето обраќање и на редовната седница на Централниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на која присуствуваше и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги презентираше своите идеи и гледишта во пресрет на претстојните претседателски избори.


Таа рече дека на државата веднаш и се потребни промени, како и владеење на правото и демократијата, кои во моментов се нарушени од страна на власта и потенцираше дека во име на честитоста на Република Македонија неопходни се почитување на Уставот, законите и враќање на правната држава.

Силјановска рече дека за својата кампања ќе ги користи сите демократски средства на водење на изборна кампања, а на крајот заедно со ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија ќе извојува огромна победа на претседателските избори во април и со тоа ќе се најави крајот на владеењето на СДСМ со државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.