Кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска Давкова и лидерот на партијата Христијан Мицкоски утрово заедно присуствуваа на Велигденската литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

-Ако по два милениеуми се собираме овде сите како верници сигурно е тоа најголемиот ден. Јас верувам дека е тоа ден на животот, верувам дека тоа е ден на радоста, погледнете ги лицата на луѓето, ќе се уверите во тоа. Мислам дека овој ден е специфична опомена за сите нас како вели владиката возобљубеност се чувствуваме, тогаш треба и дел од нас да ставиме во она што се вели чест, радост, вечен живот и јас така се чувствувам денеска – кажа Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.