Победата на претседателските избори значи вовед во предвремени парламентарни избори, кои пак кога ќе завршат така како што е природно, тогаш ќе добиеме поинаква власт. Власт која ќе започне нова европска ера на реформи во Македонија. Власт која она што ќе го напише во програмата ќе го памети и ќе го реализира, затоа што за тоа ќе го добие вашиот мандат.

Власт која ќе се демократизира и ќе ги демократизира сите останати. Оваа окупирана демократија, оваа окупирана држава мора да се трансформира. Мислам дека времето на трансформацијата доаѓа, потенцираше претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на денешниот митинг во Свети Николе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.