Ќе направам се што е можно за да завладее правото во државата – посочи кандидатот за претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова при гостување на емисијата „Детектор“. Таа е дел од дебатата што се води помеѓу тројцата кандидати за претседател на државата.
-Она што сум успеала во личниот и професионалниот живот одамна да бидам во ЕУ, да го направам и со Република Македонија преку сериозни реформи кои што ќе бидат во функција на владеење на правото, истакна Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова ја искористи и приликата во емисијата да се обрати и до женската популација дека ова е шанса кога жените можат да кажат дека тие можат на поинаков начин да управуваат со државата.
-Исто така би се обратила и до неопределените, до разочараните од сегашната власт, мислам дека тоа е она што ќе ми биде главна цел во времето што претстои и дури до оние кои имаат намера да ги бојкотираат изборите, појасни Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.