Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова вечерва од Кратово им одоговори на сите загрижени за тоа како ќе била претседател на државата и врховен командант на вооружените сили кога нема познавања во разузнавањето и во безбедносните структури од и дали знае колку војници има во армијата.
Она што секаде е хендикеп овде е предност. А армијата брои околу 6500 воени лица, но што правиме со резервистите, од кои се откажуваме, а се 25.000 луѓе. Во развиените земји ако сте го поминале животот во номенклатурите оперативни, аналитички, разузнавачки, кон вас ќе има резерва за да бидете претседател на дрѓавата. оти, тогаш сигурно ќе мислите дека некој ве следи, зато вие сте ги следеле луѓето. Ете тоа е оној синдром на сомнително лице со кој треба да раскрстиме, рече Силјановска.
Зборувајќи за синдромот „сомнително лице“, Силјановска рече дека денес кај нас се сомнителни луѓе кои имаат значење во научниот свет, кредибилитет.
Но, кога зборуваме за војниците, за мене е поважно да зборуваме за лошите услови за живот на војниците. Не е доволно да се фалите дека извезуваме мир и дека учествуваат во мировните мисии. Треба да се грижите за нив. Недржавнички е да не се обезбеди консензус со врховниот командант и да не се води воена дипломатија. Не им е ним целта државата, самите си се целта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.