Силјановска ги повика струмичани да гласаат за неа.

Ако ме изберете за претседателка. Ви ветувам дека нема да ве разочарам, да воспитувам. Тоа ќе го правам и со луѓето околу мене. Претпочитам женско друштво, бидејќи сметам дека нема доволно жени во политиката. Треба да се бориме за прераспределба за моќта. Нема да одам во претседателската куќа за добивка. Да не се лутат пратениците кога ќе се обраќам во парламентот, за еколошката катастрофа, за лицата со посебни потреби, проблемите во здравството, …мислам дека тоа ќе допре до едно ново парламентарно мнозинство. Со вето ќе го штитам Уставот. Да продолжиме да се бориме за правдините за Македонија, но патот во оваа борба води преку претседателските и преку парламентарните избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.