Кандидатот за претседател Горадана Силјановска Давкова, вечерва изјави дека власта е во длабок сон и не се грижи за здравјето на граѓаните ниту пак за нивното добро.
Добравечер граѓани и граганки, радовишани и радовишанки. Можеби најважното го кажавме, но кога слушам што кажаа тие…Во Македонија не знаењето е сила и моќ за жал. На нивните трибини присуствува и премиерот. Па човек се прашува дали може претпладне човекот кој е премиер на сите треба да е на свое работно место, а не на митинзи. Нема што да добијат, оваа битка е однапред изгубена. Сегашниот претседател ја украл победата. Тoа е голема илизуја. Па сега ќе не обвинат и нас дека иако се тие на власт дека сме им ја украле победата. Деновиве имаме увуд на проблемите. И сум многу тажна што се не е решено, а толку се китат. Денеска слушав толку небулозни работи колку пари ќе добиеме ако сме влезеле во ЕУ. Тоа не ќе може набрзо, тогаш ќе стигне демократкската пресуда на народот, се обидовте да ни го загозите животот, а не да донесете живот,рече Силјановска вечерва во Радовиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.