Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова денеска беше во посета на општина Гази Баба каде што оствари средба со жителите на општината.

На средбата Сиљановска Давкова изрази огромна благодарност за укажаната доверба од страна на граѓаните на првиот круг од претседателските избори, каде што освои повеќе од 6.000 гласа од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски.

Сиљановска Давкова ги повика сите граѓани на Република Македонија да излезат на вториот круг од претседателските избори на  5 мај и повторно да ѝ дадат поддршка за да ги поразат сите ненародни и штетни политики кои ги спроведува владата на СДСМ и Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.