Професорката Гордана Силјановска Давкова ја коментира пресудата за случајот „Рекет“, за кој вели не треба да сте правен експерт за да го согледате драматичниот судско-политички пејсаж.

Реформираното, Луј Витон судство, под палката на „реформаторот” Зоран Заев, како претседател на Советот за реформи во правосудството, ОДЛУЧИ дека г. Јовановски и г-ѓа Јанева, нивните, некогаш НАЈОМИЛЕНИ, а сега НАЈОМРАЗЕНИ ликови, се главните „трговци со влијание”, ПРЕЦЕНУВАЈЌИ ГИ.

Проценете, дали тие сами „палеле и гаселе” низ правосудните лавиринти, како што се обидуваат да ни прикажат судскиве и политичкиве божици и богови . Не треба да сте правен експерт за да го согледате драматичниот судско-политички пејсаж. Здравиот разум и народната мудрост се посилни од „слободното судиско уверување“, порача Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.