Нема да ме изненади ако Гаши влезе во Владата. Тој почна преговори. Ги паметам неговите гостувања на емисиите и знам што зборуваше за актуелната власт, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова во емисијата „Само интервју“.

Таа вели дека е збунета поради преговорите на Алтернатива и „може само да замисли што мислат граѓаните“.

Познавајќи ја политиката на функционерите и договорите на владите, нема да ме изненади. За жал, во многу држави се прави тоа што се прави на пазарот со производи. Се купуваат и продаваат. Понуда и побарувачка. Процесот на одлучување е дистанциран од парламентот и сега во Клубот на пратеници се прават одлуките, потенцира Силјановска – Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.