Не е време за политизација и за поделби на “наши” или “ваши”.Не е време за херојство со тоа што ќе се изложуваме себеси или останатите на ризик.
Херои се нашите пријатели лекари, медицински персонал, полицијата, армијата и сите оние кои деноноќно работат за надминување на кризата. Тие работат по 12-15 часа на ден и се под огромен психички и физички стрес.
Да им помогнеме со добар збор но и со одговорно однесување. Време е да ги послушаме советите на стручните и одговорни лица и препораките на надлежните институции, апелира Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова, носител на листата во ИЕ1 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.