Гордана Силјановска, кандидат за претседател, денеска на митингот во Прилеп подвлече дека на 21 април треба да им кажеме дека нивното време завршува.
Досега ние се грижевме сега тие нека се грижат. Најмолчеливите на референдумот-сега ќе бидеме најгласни, зошто гласот ќе се провлече до септември кога ќе треба да има предвремени парламенатарни избори. Не е време за останување дома на 21-ви. Сигурна сум дека народот ќе направи избор воден од битката за прави и правда за Македонија.
Восхитена сум од глетката, Прилеп е синоним за слободарство. Зошто се тука почна, Битката за македонските правдини за македонската вистина.
Седум години по Смиљковското езеро по настамот кој може да се нарече терористички без право и правда. Тоа е државата во која живееме. Тоа не го заслужуваа недолжните луѓе. Тое е терористички чин. Тогаш премиерот велеше дека има снимки дека никој нема да остане неказнет. Но, сега во име на коалицијата право и правда нема. Ние ќе се раководиме од Уставот и законите, Нема да се мешаме во судската власт, а додеке премиерот е претседател на советот за судски реформи, право и правда нема да има, рече Силјановска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.