Кандидатката за претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, и ВМРО ДПМНЕ вечерва одржаа митинг во Кочани. Во својот говор во Кочани таа ја допре повторно болната тема за промена на името на Македонија, но и избегнувањето за презентирање на симболите на државава, меѓу кои и химната.
Со преспанскиот договор се прекршува правото на самоопределување. Заборавија, или се плашеа или се срамеа да ја пуштат химната. Сите настани почнуваат со химна. Химната е нашата држава, нашата историја, нашиот непокор. Во неа се вели дека се бориме со неправдините и тоа никој не може да ни го одземе – рече Силјановска Давкова.
Според неа во Македонија владее селективна правда.
Да се оди во ЕУ значи правна држава, а не е правна држава ако се репресираат пратеници, и се прави се да се ослободи коалициониот партнер. Од друга страна има постојан реваншизам кон неистомислениците. Видовме дека иако може да обвинат за терозирам, може да ги ослободат обвинетите. Каква е таа држава, во која на чело на телото за судски реформи е премиер, кој не е ниту правник. Тоа не е вистинска, туку селективна правда. Нивното право е политичко – рече Силјановска Давкова.
Не се прават реформите само заради ЕУ и НАТО, туку заради луѓето, оние што останаа тука, но и оние што си заминаа, а мислите им се овде. Луѓето не одат надвор за пари, туку бидејќи не го препознаваат животот овде – рече Силјановска Давкова во Кочани.
Ако бидам избрана за претседател, ќе го употребувам ветото, кога било која власт ќе го прекрши уставот и законите. Ако немаат разбирање за ветото ќе барат обраќање во парламентот. Законите се за луѓето, сите треба да се еднакви пред уставот и законите – нагласи Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.