Носителката на Изборна единица 1 Гордана Силјановска – Давкова на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ од Македонски брод порача дека луѓето бараат промена и пристоен живот.
На трибина пред граѓаните Силјановска – Давкова истакна ВМРО – ДПМНЕ нуди огромен број проекти од развој на туризам до зајакнување на економијата каде што ќе имаат бенефит сите граѓани на земјата, потенцирајќи го Македонски Брод како погодно место за развивање на руралниот и алтернативен туризам.
Еден од столбовите во областа на развојот на туризмот во Македонија се однесува на градење на туристички потенцијал во државата. Покрај веќе постоечките, изградени туристички производи, како и новите мапирани производи кои ќе бидат вградени во новата Национална стратегија и Студијата за алтернативните форми, ќе ги развиваме, дополнуваме и промовираме и потенцијалните туристички производи. Фокусот ќе биде насочен кон промоција на богатата култура на државата и на целокупниот природен потенцијал што го има Македонија, посочи Силјановска – Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.