Нападот врз Игор е срамен и кукавички чин, одраз на нецивилизираност и многу страв, реагира професорката Гордана Силјановска Давкова, за нападите врз Дурловски.

Соочени и исплашени од секојдневните нивни порази, како и тие кои допрва претстојат, посегнуваат по варварски методи. Нешто што е заштитен знак за голем број ликови во и околу нашата Влада, пишува професорката.

Им порача дека заканите повеќе не поминуваат, особено кај изградени, неизвалкани и надпартиски личности.

Ги повикувам институциите итно да постапат и да го решат случајот.
Ги повикувам сите останати, а особено г. Заев и неговата политичка партија јавно да го осудат овој настан и да се оградат. Ако можат!?

Времето на неказнивост завршува. Доаѓа обновата, а со себе ја носи и правдата!

Игор, гордо напред!, порача Силјановска Давкова.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.