Откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави изборните листи, она што прво паѓа во очи се двајцата натпартиски кандидати, Гордана Силјановска-Давкова и Игор Дурловски. Тие ќе бидат носители во првата, односно во петтата изборна единица.
Професорката Силјановска ќе му се спротивстави на Никола Димитров во првата изборна единица.Таа на претседателските избори освои 377.446 гласови што е огромна почетна предност.
Гордана Силјановска – Давкова важи за еден од најреномираните професори по уставно право и политички систем. Зборува повеќе јазици, има предавано на повеќе светски универзитети.
Во петтата изборна единица оперскиот пејач Игор Дурловски на свој терен ќе и се спротивстави на вицепремиерката Радмила Шекеринска.
За името на Шекеринска се врзуваат многу скандали, а нејзиното име се споменува и во аферата „Рекет“. Куќната помошничка на Бојан Јовановски тврдеше дека во неговата куќа во Орман често навраќала токму Шекеринска. Министерката за одбрана беше на удар и поради некои сомнителни набавки во Министерството за одбрана.
Дурловски пак е човек со меѓународни признанија од областа на оперската музика и е обожуван од народот, но и почитуван од своите колеги.
Тој беше еден од обвинетите за настаните од 27 април, но ја докажа својата невиност и доби ослободителна пресуда откако претходно не побара аболиција од претседателот Иванов.
Кога станува збор за останатите кандидати, ВМРО-ДПМНЕ оди со повеќе од 90 проценти нови кадри, потпомогнати од неколкумина од стариот состав кои ќе дадат нова енергија во пратеничката група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.