Се чудам од каде смрдеше рибата?! Народот ќе ви ја испорача „Метлата” на 5 мај!, напиша на Твитер Гордана Сиљановска-Давкова како реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев дека ја примил пораката од народот и ветувањето дека по изборите ќе има чистки и во локалната и во централната власт.
Се чудам од каде “смрдеше рибата?! Народот ќе ви ја испорача “Метлата” на 5 мај ! #ПравдаЗаМакедонија#ТатковинатаПовикува#МетлаЗаЗаев
— Гордана Сиљановска Давкова (@gogamkd) April 23, 2019
Кандидатката за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска вели дека политиката мора да се врати во рамките на правото.
Само ако законите се во согласност со Уставот и ако тие се применуваат подеднакво за сите нас, може да ја вратиме довербата во институциите, напиша на Твитер.
Мора да ја вратиме политиката во рамки на правото! Само ако законите се во согласност со Уставот и ако тие се применуваат подеднакво за сите нас може да ја вратиме довербата во институциите.
Ќе бидам вашиот глас во политиката, чувар на Уставот и законите!https://t.co/v0T1oSVnNi
— Гордана Сиљановска Давкова (@gogamkd) April 7, 2019
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.