Професорката Гордана Силјановска Давкова во моментов жecтоко дебатира со кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Имено професорката го потсети својот соговорник на сите негови ветувања во однос на промена на името, како тоа нема да се случи пред државен консензус на сите партии, ветувањата на Заев дека нема да се менува Уставот итн.
-Знаете ли колку луѓе треба да гласаат на тој референдум?
Двете големи партии 2011 година рекоа дека референдумот ќе биде облигаторен.
Консултативен е…јас не ги знам нивните шпeкyлации, тоа е манипyлациja со народот.
Или има референдум или нема, вели Пендаровски во однос на референдумот за промена на името.
Еве еден чист став. Се надевам дека почист од ова-здравје. Коментари на ова ако има, да сме живи и здрави. Името не може да се решава без државен консензус. Не партиски, не владин, не национален, не етнички, туку државен. Тоа значи дека сите релевантни чинители, власта и опозицијата, Албанци и Македонци, сите треба да се сложиме околу тоа што е црвената линија на Република Македонија. Јас тврдам дека ова прашање има толку големи пропорции и нè засега сите што живееме во оваа држава, посебно Македонците. Легитимитетот кој владеачката партија го има добиено на избори не е доволен. Колку гласови имаат добиено, колку пратеници? Треба ли да имаме референдум на крајот од тој процес, говореше Пендаровски пред неколку години во своето гостување на телевизија 24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.