Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на општина Виница.
Проф. д-р Силјаноска Давкова пред граѓаните посочи дека со владата на СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија, бидејќи за влез во Европската унија се потребни реформи, а единствена реформа направена за овие две ипол години власт на СДСМ и ЗАЕВ е болната промена на уставното име на Македонија.

Јуни е блиску и јас сум уверена дека нема да го добиеме тој датум или пак повторно ќе добиеме формулации од типот на уште нешто да се исполни да се реализира за да можеме да добиеме почеток на преговорите. Далеку од тоа дека јас не сакам мојата и вашата земја Македонија да ги добие преговорите, впрочем 9 пати добивавме позитивен извештај и од Европскиот Парламент и од Европската Комисија само што Советот велеше дека не е дојдено времето за преговори. Мислам дека и овој пат до тоа нема да дојде, не само затоа што ЕУ и самата си има домашни задачи и проблеми особено по Брегзит, туку и затоа што на дневен ред ќе дојде анализата на исполнетоста неисполнетоста на критериумите за почеток на преговорите. А тие критериуми оваа држава и оваа власт не ги исполнува. Единствената реформа која што ја направи е болната промена на името на Република Македонија – вели Силјановска Давкова.

Таа додаде дека промената на името е направена со кршење на процедурите и дека единствено договори во името на државата може да склучува претседателот на републиката, а не како што беше случајот со промена на уставното име на Македонија, каде што министерот за надворешни работи на СДСМ го направи со потпишување на договорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.