Тројцата претседателски кандидати и вечерва на соочување. На ТВ Алсат Гордана Сиљановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река одговараа на прашањето поставено од новинарот што ќе направат со Законот за јазиците ако станат претседател на државата.

Само Уставниот суд може да укине неуставни одредби од тој закон. Јас имам многу забелешки на усогласеноста на некои одредби со Уставот и со Рамковниот договор. Но се додека важи ќе го почитувам и ќе го спроведувам, одговори Силјановска.

Пендаровски со одговор:

Нема никаква опасност од растурање на државата, напротив со самото тоа ја јакнете кохезијата на општеството и граѓаните кои имаат право сега да го користат албанскиот јазик ја чувствуваат оваа држава како своја повеќе отколку претходно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.