На дебатата на Канал 5 телевизија професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ за својот противкандидат Стево Пендаровски рече дека е смешно што тој да зборува за бојкот, кога како претседател на Државна изборна комисија ништо не направил во 2004 година за да ги повика дури граѓаните да излезат на гласање.

-Ситуацијата е целосно различна, имено на тоа прашање референдумско како го нарече професорот Карлос Флорес Хубериас најбесрамното прашање во историјата на референдумите, човек да сакаше да одговори не можеше затоа што беа злоупотребени ЕУ и НАТО, а никаде нема точно во прашањето дали сте за Преспанскиот договор.

Таа вели луѓето не излегувале и бојкотирале затоа што не сакале да прават компромис со правото да легитимираат и легализираат, нелегитимно и нелегално прашање.

-Основните причини за бојкотирам треба да се каже дека се врзани за името затоа што за нив тоа прашање е толку болно што не сакаат дури да се изјаснат за него, вели Силјановска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.