На денешното предизборно соочување на МРТ1 на двајцата кандидати за претседател на државата, Гордана Сиљановска Давкова изјави дека Стево Пендаровски бил крунисан во хотелот „Хилтон“ без постапка, а останатите кандидати кои што се кандидирале останале понижени, за разлика нејзиниот транспарентен избор во ВМРО-ДПМНЕ.
Таа го запраша противкандидатот Пендаровски која е надежта дека ќе се однесува поинаку од неговиот шеф на штаб, Александар Кирацовски, кој си ја вработи фамилијата во државната администрација.
Шефот на вашиот штаб, господинот Кирацовски е еден од оние кои на линијата на непотизмот, партизацијата и политизацијата си ги вработи своите. За среќа реагираше Антикорупцската комисија. Не чув да се дистанцирате, но која е надежта дека ќе се однесувате поинаку, го запраша кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Сиљановска Давкова, својот противкандидат од СДСМ, Стево Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.