На седницата за избор на влада, професорката Гордана Силјановска му посочи на претседателот на Соранието Талат Џафери, дека тој не може да биде парламентарен командант туку треба да биде претседател на собранието, па брзањето и грешките во однос на верификацијата на мандатите и итното свикување седница е резултат на неговото непостапување.

Во историјата на парламентарната демократија освен ако не ја рачунате она вашата од 2016 година не се случило да имате три дена за читање на програма на влада, од кој едниот од тие денови беше празник, вели Силјановска.

Професорката истакна дека Членот 68 од Деловникот вели дека барем 10 дена треба да поминат за да било која точка се најде на дневниот ред, а оваа седница била брза непарламентарна и демократија, не може избор на влада да е точка која бара итно свикување на седница.

Силјановска му порача на Џафери дека ваквото брзање било резултат на неговото постапување, а не на пратеничкото однесување, па замоли да не се третираат пратениците како послушни војници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.