Во услови на заевизам, секој ден носи нова лага. Лагата е неговата природна состојба. Можеби треба за нив да измислиме Ден на Вистината? Бидејќи, кај нас ѓаволот ја однесе шегата, рече Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ денес на средбата со граѓаните во Охрид.
За да искрените насмевки потраат, за да не нѐ вбројуваат меѓу најнесреќните нации во светот, мораме заедно да ставиме крај на добата на лагата. Времето е дојдено! Ако не сега, кога?, смета Силјановска Давкова.

Денеска е светскиот ден на шегата и Силјановска Давкова потенцираше дека ова е ден којшто со најголема радост го чекаат нашите најмали, дечињата и внучињата. Прекрасна глетка е да се гледаат маскирани во ликовите на најпопуларните суперхерои и суперхероини.

Интересно, речиси сите нивни идоли се токму ликовите кои се борат на страната на Доброто: за обесправените, беспомошните, слабите и за правда за сите. Денес бев сведок на неверојатна сцена на размена на добродушни насмевки и прегратки: токму од децата треба да научиме дека искрената и силна прегратка има повеќе моќ од илјадници мудри зборови. А заедничката смеа не е ништо друго туку прегрнување и без физички допир.
Во светот на возрасните неретко ги забораваме децата во себе и до себе. Исполнети со разочарувања и соочени со проблеми, сфаќаме дека неправдата, повеќе или помалку, станала сечие секојдневие. За жал, се соочуваме со другата страна на Денот на шегата, а тоа е ЛАГАТА и злорадоста, рече Силјановска Давкова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







Comments are closed for this post.